дома  
 
   
 
 ЗА НАС
 

Кино МИЛЕНИУМ е најмодерно опремено кино во Република Македонија и се наоѓа во Градскиот Трговски Центар во Скопје.

Како такво егзистира од неговото пуштање во употреба во 1979 година кога го добива претходно споменатиот примат и го задржува до ден денес, низ него поминуваат генерации на вработени кои несебично работат на неговото создавање, оформување и понатамошно континуирано осовременување.

Главното реставрирање на киното се одвива во 2001 година кога комплетно се реновира кино салата, фоајето и кино опремата, со што се добива простор каде што после изгледаниот филм никој не останува рамнодушен.

Во тоа се состои и суштината на нашето постоење и постојано работење да на секој наш посетител, љубител на седмата уметност му одземеме неколку часа од слободното време и ги претвориме во уживање ТОТАЛНО внесувајќи го во една нова димензија, ТОТАЛНО внесувајќи го ВО ФИЛМ.

Со цел да му пружиме максимален тренинг на сетилата на нашиот кунзумент МИЛЕНИУМ нуди уникатно искуство во целосно климатизирана кино сала од цели 619,84м2 со 513 седишта, која не губи од удобноста на домашниот амбиент, просторност во која звукот ја има доминантната улога овозможено од супериорниот звучен систем од најновата генерација кој е целосно прилагоден за секое седиште посебно, слика која е генерирана од врвни 35мм кинопроектори со дигитално процесирање, на најголемото филмско платно во Македонија, што допринесува визуелните ефекти го обликуваат УНИКАТНОТО ДОЖИВУВАЊЕ, сето ова спакувано во екстремната тишина, постигната со одличната звучна изолација која двојно ги надминува стандардите на ТНХ.

 

Подеталните технички карактеристики можете да ги пронајдете тука:
 
Интро на www.kinomilenium.com.mk
 
Copyright © ElectronicDesign 2006